Грчката „Кри-кри“ ја продаде фабриката во Куманово

Bez autora
Nov 28 2012

Грчката компанија „Кри-кри“ соопшти дека продала 71,15 отсто од акциите во нејзината компанија во Македонија „Кри-кри доо Куманово“. Делот од „Кри-кри Куманово“ бил продаден за 100.000 евра. Грчката компанија се одлучила на ваков чекор откако последните години биле забележани загуби во работењето на нејзината македонска подружница, без да има изгледи за подобрување на ситуацијата. Меѓутоа, како што соопштуваат од „Кри-кри“, ова не значи нивно повлекување од македонскиот пазар, затоа што ќе продолжат да бидат активни на пазарот преку извоз на сладолед, јогурт и млечни производи преку компании-претставници на „Кри-кри“.

Грчката „Кри-кри“ ја продаде фабриката во КумановоГрчката компанија „Кри-кри“ соопшти дека продала 71,15 отсто од акциите во нејзината компанија во Македонија „Кри-кри доо Куманово“.

Како што соопшти компанијата, делот од „Кри-кри Куманово“ бил продаден за 100.000 евра. Грчката компанија се одлучила на ваков чекор откако последните години биле забележани загуби во работењето на нејзината македонска подружница, без да има изгледи за подобрување на ситуацијата.

Меѓутоа, како што соопштуваат од „Кри-кри“, ова не значи нивно повлекување од македонскиот пазар, затоа што ќе продолжат да бидат активни на пазарот преку извоз на сладолед, јогурт и млечни производи преку компании-претставници на „Кри-кри“. Повлекувањето од „Кри-кри Куманово“ ќе влијае само на помалку од два отсто од вкупната работа на грчката компанија. Како што се наведува во соопштението, работата на „Кри-кри Куманово“ била ограничена само на производство на локални млечни производи и трговско застапување на сладоледите и млечните производи на грчката компанија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik